Velmar Automotive
Повеќе од четвртина век постојано растење и надградување. Опременост по највисоки стандарди и инвестиции во знаење и едукација се темелите на нашиот успех. Компанијата Велмар прераснува од мала фирма до водечки регионален лидер во секторот на одржување и тестирање на патнички и комерцијални возила. Денес во фокус на Велмар е проектирање, набавката на соодветна опрема и инсталација по принципот “клуч на рака”. Велмар е синоним за премиум автосервисна и дијагностичка опрема не само во државата туку и во регионот. Велмар нуди комплетни решенија, персонализиран пристап кон секој клиент. Покрај продажбата, нашиот ангажман ги опфаќа и тековното одржување на инсталираната опрема, нејзино сервисирање и снабдување со резервни делови. Ова е веќе докажано при изградбата на сервисните центри на најголемите светски производители на возила, вклучувајќи ги VW, Mercedes, Toyota, KIA, Ford, BMW, Renault и многу други. Тимот на Велмар е составен од искусни инжењери и специјалисти кои преку редовна стручна обука и надградба во меѓународни тренинг-центри, секогаш се подготвени да одговорат на секој предизвик. Тие работат посветено за да понудат иновативни и приспособени решенија, гарантирајќи успешна реализација на вашите идеи и потреби. Како доказ за сето ова, а посебно во секторот автоиндустрија, се реализираните над 150 комплетно изградени и опремени станици за технички преглед и над 70 опремени автосервисни центри и автоработилници. Од успешните проекти посебно го издвојуваме VanHool, каде што беа инсталирани повеќе од 30 индустриски комори и предкомори за фарбање на автобуси, автоматизиран уред за тестирање на водопропусноста на автобусите, како и комплетно снабдување со тест и сервисна опрема. Дополнително, АМСМ е пример за нашата експертиза, со мрежата на тест центри ширум државата. Велмар обезбеди проектирање и набавка на опрема во сервисните центри на Porsche, Mercedes, KIA, Аутомотив Груп, Grand MiDa Motors, Toyota, Еуроимпекс, Honda, BMW, Citroen и многу други. На листата реализирани проекти се вбројуваат и ПСС со своите тест и сервисни центри, како и најсовремените линии за миење на возила. Тука се и клиентите како Мотоцентар, ДеЛукс Куманово, БИС Ауто, Олимпико, ТДА Трејд, Супер Ауто Контрол, Медио Петрол, СН Сообраќаен Центар, и многу други, кои ни ја доверија изградбата и опремувањето на нивните објекти. Нашето присуство на регионалниот пазар резултираше со бројни успешни проекти реализирани надвор од границите на нашата земја. Сестринската фирма Велмар Албанија успешно ги опреми сите станици за технички преглед на територијата на Албанија, а исто така постави шест центри за калибрација на тахографи и една од најсовремените мобилни тест линии. За потребите на Генералниот Директорат за Транспорт, изработивме целосен регистар за возила кој ги интегрира сите станици за технички преглед во единствен централен систем, создавајќи потполна база на податоци за сите возила во Албанија. Проектите во Porsche Albania и Косово се значајни примери на нашето искуство и присуство во регионот. Во Црна Гора, ги опремивме сите станици за технички преглед на Сава Кар, како и целиот сервисен центар на Рокшпед. Од најзначајните проекти во Србија, издвојуваме Porsche Ada и Porsche Sever, Mercedes Шабац и Белград, BMW Белград, Citroen, Fiat и Skoda, како и повеќе од 20 комплетно опремени станици за технички преглед, како и камионски сервисни центри за Volvo, Mercedes и Scania. Со докажани резултати, Велмар претставува синоним за квалитет, сигурност и долгорочен успех во секој проект. Велмар нуди набавка, монтирање, техничка обука и одржување на: Опрема за сервисирање и тестирање на комерцијални возила Опрема за сервисирање и тестирање на патнички возила Опрема за сервисирање и тестирање на земјоделски и специјални возила Авто-дијагностичка опрема за сите видови на возила Опрема за миење на сите видови возила Комплетно опремување на станици за технички преглед Проектирање Консултантски услуги Обука и Сертифицирање Велмар ги нуди најдобрите светски брендови кога е во прашање премиум автосервисна и дијагностичка опрема. Во таа насока би ги споменале: Maha – Germany Blowtherm – Italy Hunter – USA Christ – Germany Gys – France Worky – Italy Norton Saint-Gobain – USA / France Texa – Italy DEA / Keen Space – Italy
Прочитај повеќе