Velmar е компанија со долгогодишно искуство, основана во 1997 година. Во изминатите години од релативно скромна фирма прераснавме во сериозна конкурентна компанија, чија примарна дејност е одржување и тестирање на патнички и комерцијални возила, како и на земјоделски машини.
Но, главниот фокус на нашата работа денес е проектирање, набавката на соодветна опрема и инсталацијата на принципот "клуч на рака".
Тоа значи дека нашата палета на производи и услуги покрај продажбата вклучуваат и тековното одржување на опремата која ја инсталираме, нејзиното сервисирање и снабдување со резервни делови за истата.
Нашето искуство преку изградбата на сервисните центри на најголемите светски производители на возила, вклучувајќи ги VW, Mercedes, Toyota, Ford, BMW, Renault и многу други, претставува гаранција за квалитетот и посветеноста што им ја нудиме на нашите идни клиенти.
Од посебно значење за нашите клиенти е и консултациската помош која ја нудиме при конструкција на идните проекти. Нашиот тим од инженери и специјалисти кои преку дополнителна стручна подготовка и образование во тренинг-центрите во странство се надградува континуирано и е секогаш подготвен да одговори на секое прашање и да понуди персонализирани решенија, обезбедувајќи успешна реализација на вашите идеи.
Нашите услуги се достапни како во Македонија, така и низ балканот.







кое ја гради вашата иднина и гарантира зголемен и сигурен успех.
Velmar Automotive @ 2024. Сите права се задржани
Developed by OCS