Category: Проекти

May 26, 2026 Comments (0)

Градска перална

Еден од нашите фаворити, воедно и еден од поурбанизираните проекти кои ги имаме направено е проектот за Градска Перална. Градска перална е автоматска drive-through (тунел) перална од реномираниот германски бренд OttoChristAG. Се наоѓа во срцето на градот, на самата бензинска пумпа “Макпетрол” на улица Партизанска. Нашите техничари извршија комплетна инсталација и изведоа комплетен тренинг за користење на пералната. Побарајте понуда

Прочитај повеќе
May 26, 2026 Comments (0)

SGS- Албанија

Ексклузивен договор на три години за снабдување, монтажа и сервисирање на тест линии во 14 станици за технички преглед низ територијата на Р.Албанија. Нашите техничари извршија комплетна инсталација и изведоа комплетен тренинг за опремата. Побарајте понуда

Прочитај повеќе
May 26, 2026 Comments (0)

АМСМ – Автомото Сојуз на Македонија

Договор на осум години за снабдување, монтажа и сервисирање на тест линии во 15 станици за технички преглед низ цела Македонија. Нашите техничари извршија комплетна инсталација и изведоа комплетен тренинг за опремата. Побарајте понуда

Прочитај повеќе
May 26, 2026 Comments (0)

Ван Хоол Македонија

Отворањето на Технолошко-индустриски развојни зони во Македонија придонесе кон привлекување на нови инвестиции од повеќе различни области. Една од фирмите кои инвестираа во Велмар, со инвестиција вредна околу 20 милиони евра е и фирмата Ван Хол, која е една од водечките белгиски производители на автобуси. Нашиот тим составен од високо квалифицирани и обучени инжинери и техничари, кои се секогаш спремни да одговорат на сите барања од проектирање до инсталирање на опрема, понуди нешто повеќе од  своите конкуренти за добивање на овој проект. Најголемата разлика помеѓу Велмар и другите конкуретски фирми, беше тоа што тимот на Велмар понуди тековно оддржување на инсталираната опрема, сервисирање на истата и снабдување со резервни делови доколку е потребно. Освен со ова, Велмар со својата солидна репутација и долга листа на изведени проекти ги исполни голем дел од строгите барања на инвеститорот. Во првата фаза на преговорите, Велмар го доби делот на проектот кој вклучуваше достава на опрема за проверка на системот за кочење, со комбиниран уред, МВТ 7250 Eurosystem и уред за светла Lite 3. Извршена е испорака и монтажа на 10 сета мобилни дигалки MAHA MCL со хидраулични палетари, кои се користат за монтажа на делови од горен и долен простој на автобусите.При завршното тестирање на готови возила, фирмата Велмар испорача најнов модел на уред за геометрија на тркала WA440 со сензори од американскиот производител Hunter и систем за извлекување издувни гасови од италијанскиот призводител Worky. Најголемиот и најзначајниот дел од проектот за опремување на 4те производни линии со опрема за фарбање на возилата го добивме благодарение на 15 годишното искуство на фирмата Велмар во опремување на лимарски сервиси како застапник на италијанскиот производител Blowtherm. Извршена е испорака и монтажа на 2 комори за фарбање на шасија, 5 комори за завршно фарбање на автобуси, 4 комори за подготовка на автобусите, 2 комори за мешање и чување на бои и 8 дигалки инсталирани во коморите за фарбање. Побарајте понуда

Прочитај повеќе

Партнерство

кое ја гради вашата иднина и гарантира зголемен и сигурен успех.

За компанијата

ВЕЛМАР е компанија со долгогодишно искуство чија примарна дејност е одржување и тестирање на патнички и комерцијални возила, со главен фокус на проектирање, набавката на соодветна опрема и инсталацијата на принципот "клуч на рака".

Velmar Automotive @ 2024. Сите права се задржани

Developed by OCS

Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.