Комбинираниот тестер за издувни гасови МЕТ 6.3 е дизајниран за мерење на издувни гасови кај бензински мотори и кај дизел мотори. Комбинираниот уред МЕТ 6.3 се издвојува од останатите уреди за издувни гасови бидејки поседува иновација за сепарација на конензацијата согласно вградениот сепаратор за вода. Истото така се издвојува поради неговата тежина и компактен дизајн.
– Кратко време за (загревање) стартување и брзо читање на мерењата
– Употреба на една универзална сонда и за двата вида на испитувања ( бензин и дизел)
– Анализа на компонентите на гас HC,CO,CO2, O2 со пресметка на вредности на ламбда
– Заштеда на времето и лесно тестирање и дијагностика на концентарација на честички со помош на парцијален проток со слободно забрзување
– Интуитивно работење, јасна структура во процесот на тестирање на емисиите како што е наведено во тековните упатства
– Лесно за одржување
– Сите вредности од мерењата на HC, CO, CO2, O2, K- вредност, турбидностможе да се прикажат истовремено