Течноста во системот за кочење е дизајнирана да има висока точка на вриење за да може да ги поднесе температурите настанати триењето во системот за кочење. Сепак често се случува системот за кочење да абсорбира влага од флексибилните пластични црева. Влагата ја намалува точката на вриење и со тоа ја зголемува можноста за дефект во системот за кочење.
Разните тестирања и студии открија дека дури 50%од возилата може да имаат флуид за кочници кој е премногу стар за безбедносните стандарди. Слично како и маслото, флуидот за кочници се истрошува и не е доволно сигурен како нова течност за кочници .Истотака постои опасност од корозија на одредени внатрешни делови на моторот поради зголемената влага во флуидот.
Тестерот за флуиди во кочниците ја мери влагата на флуидот во системот за кочење. За помалку од минута дава веродостојни резултати и овозможува на корисникот да утврди дали е потребна замена на флуидот.индиректно овозможува зголемена продажба на флуиди за кочници .
Ја зголемува вредноста на брзите сервисни прегледи и овозможува подобра проверка на кочниците.
Ја зголемува вашата репутација за грижа за клиентите овозможувајќи им проверка на флуидот за кочење.
Интервалот на промени на флуидот за кочење не зависи од изминатите километри или од староста на флуидот . тој се одредува од влагата која е абсорбирана во флуидот. Тој абсорбира влага од воздухот преку флексибилните пластични црева и преку отворот на резервоарот. Со зголемена влага се намалува точката на вриење на флуидот. Во услови на поголема оптовареност на кочниот систем и ли топло време може да дојде до испарување на дел од течноста и да се создаде празнина во системот и кочниците да откажат иако возачот ја притиска кочната педала до крај .
Тестерот се поставува на главниот резервоар за флуидот за кочници
И се поврзува на акумулаторот кога ке се притисне копчето малпримерок од флуидот се загрева исе утврдува точката на вриење која се забележува од прецизен електронски термометар и се прикажува на дисплејот. на него се прикажани и минимумот поени потребниза флуидот да е исправен , така што веднаш е јасно дали е потребна замена на течноста во системот за кочење ..мерачот може да биде изваден и покажан на сопственикот без да се избришат резултатите . доколку се исклучи напојувањето од акумулаторот, мерачот се ресетира за повторно користење . Никакви додатни трошоци не се потребни за одржување .Тестот може да се комплетира во рок од една минута . потоа може да се провери останатиот дел од системот за кочење . клиентите го ценат вниманието посветено на нивната безбедност и безбедноста на нивните најблиски .
- Ергономичен дизајн
- Едноставен за користење
- Ја проверува состојбата на флуидот за една минута
- Работи на напојување од 12 волти – акумулаторот на возилото
- LCD дисплеј инструкции на екранотшто го водат корисникот до комплетирање на тестот
- Димензии 2250мм вис,1000мм шир.,806мм длаб.