За нас

                                                                                                    Ваш партнер за опремување на Авто Сервиси

 

 

 

 

 

ВЕЛМАР е компанија која примарно се занимава со комплетно опремување на станици за технички преглед, како и со сервисирање на патнички и товарни возила. Нашиот тим од инжиниери и техничари се спремни во секое време да одговорат на сите ваши барања.

 

Услугите кои ги нудиме на клиентите вклучуваат комплетен третман, од проектирање до инсталирање на опремата заедно со оперативна обука, како во Македонија, така и во соседните држави на Балканскиот регион. Вклучено во нашите услуги е и тековното одржување на опремата која ја инсталираме, нејзиното сервисирање и снабдување со резервни делови за истата. Од посебно значење за нашите клиенти е и консултациската помош која ја нудиме при конструкција на идните проекти.

 

Велмар Дооел се здоби со признание и меѓународен сертификат за воспоставен систем за управување согласно со стандардот за квалитет ISO 9001:2008. Овој стандард ги дефинира барањата на системот за квалитет, чија што примарна цел е задоволството на клиентите.